ХУТИТЕ ГИ ПОВИКАА АВИОКОМПАНИИТЕ И ПАТНИЦИТЕ ДА ГИ ИЗБЕГНУВААТ САУДИСКИТЕ АЕРОДРОМИ ПО НАПАДОТ ВО РИЈАД, ВО КОЈ ЗАГИНАА 12 ЛУЃЕ

    ХУТИТЕ ГИ ПОВИКАА АВИОКОМПАНИИТЕ И ПАТНИЦИТЕ ДА ГИ ИЗБЕГНУВААТ САУДИСКИТЕ АЕРОДРОМИ ПО НАПАДОТ ВО РИЈАД, ВО КОЈ ЗАГИНАА 12 ЛУЃЕОва е најсмртоносниот напад врз Саудиска Арабија во изминатата деценија (Фото: АП)

    Јеменските хути ги предупредија авиокомпаниите, патниците и вработените на аеродромите да се држат настрана од саудиските аеродроми, што уследи по нападот врз меѓународниот аеродром во Ријад, во кој загинаа 12 лица, а повеќе од 300 беа повредени.

    Тоа беше најсмртоносниот напад врз Саудиска Арабија во изминатата деценија и се случи во услови на ескалација на борбите помеѓу хутите, поддржани од Иран и јеменските владини сили, поддржани од Ријад.

    „Уште еднаш ги предупредуваме сите авиокомпании, експерти, вработени, работници и патници да не ги користат саудиските аеродроми и воздушен простор, бидејќи тие се ранливи на напади. Исклучок се аеродромите во Мека и Медина. Ги повикуваме сите сериозно да ги сфатат нашите предупредувања“, соопштија хутите наа Икс.

    Во последните недели, Саудиска Арабија го засили своето воено ангажирање во Јемен, изведувајќи напади врз хутите и поддржувајќи ја контраофанзивата на јеменската влада, откако оваа група минатиот месец зазеде стратешки територии долж брегот на Црвеното Море.

    „Доколку саудискиот непријател не запре со агресијата и мешањето во Јемен, допрва ќе следи полошо“, соопштија хутите.

    По смртоносниот напад врз Ријад, Доналд Трамп изјави дека САД размислуваат да се приклучат кон саудиските напади врз хутите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира