И БУГАРИЈА ПРЕСТАНА ДА ЈА КОРИСТИ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТТА НА ЕДНА ЖЕНА

    И БУГАРИЈА ПРЕСТАНА ДА ЈА КОРИСТИ ВАКЦИНАТА НА „АСТРАЗЕНЕКА“ ПО СМРТТА НА ЕДНА ЖЕНАВластите бараат да се растераат сите сомнежи околу безбедноста на вакцината (Фото: Ројтерс)

    Бугарија е уште една земја која привремено престана да ја користи вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“ откако една жена починала неколку часа по примањето на оваа вакцина.

    Ова следува откако десетина европски земји кажаа дека привремено ја суспендираат вакцината, иако Европската агенција за лекови (ЕМА) кажа дека нема причини за тоа.

    „Додека не се растераат сите сомнежи околу безбедноста, ние ја прекинуваме имунизацијата со оваа вакцина“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

    Министерот за здравство Костадин Ангелов изјави дека 57-годишна жена од село во источна Бугарија починала од срцев удар 15 часа откако ја примила вакцината на „АстраЗенека“.

    „Ова е превентивна мерка. Немаме никакви официјални податоци кои докажуваат поврзаност“, кажа Ангелов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира