И ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА ВО ЦЕЛОДНЕВЕН КАРАНТИН

    И ГРЦИЈА ОД ДЕНЕСКА ВО ЦЕЛОДНЕВЕН КАРАНТИННе сакаме да дојдеме до точката кога ќе мора да избираме кој да живее, а кој да умре - Кирјакос Мицотакис, (Фото: Екатимерини)

    Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис објави дека земјата од денеска ќе биде во карантин со цел да се спречат сите несуштински движења на граѓаните, во обид да се запре натамошно ширење на коронавирусот.

    „Сега е време за храбри и правовремени иницијативи“, кажа Мицотакис во телевизиско обраќање до нацијата.

    Тој се заблагодари на мнозинството Грци кои се однесуваат одговорно и се наоѓаат во самоизолација.

    „Но, нема да дозволам оние малкумина несериозни да ја поткопуваат безбедноста на мнозинството, затоа што неколкумина неодговорни поединци можат да нанесат штета на илјадници одговорни граѓани. Мора да го заштитиме општото добро, нашето здравје. Не сакаме да дојдеме до точката кога ќе мора да избираме кој да живее, а кој да умре“, кажа Мицотакис.

    Согласно новите правила, од дома ќе можат да излезат само оние кои одат на работа, купуваат храна или лекови, посетуваат лекар или искачаат на кратко вежбање или шетање домашен миленик.

    Во Грција вчера имаше 94 нови случаи на коронавирус, а вкупно досега 624, од кои 15 починале.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира