И КИНА ПОБАРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ИСТРАГА ЗА ПОТЕКЛОТО НА КОРОНАВИРУСОТ

    И КИНА ПОБАРА ДА СЕ СПРОВЕДЕ ИСТРАГА ЗА ПОТЕКЛОТО НА КОРОНАВИРУСОТКинескиот лидер Шји Џјинпинг објави дека Кина со две милијарди долари ќе ја поддржи глобалната борба против коронавирусот (Фото: Гети)

    Кинескиот лидер Шји Џјинпинг се придружи на повиците да се спроведе меѓународна истрага која треба да го утврди потеклото на коронавирусот, кој за пет месеци се прошири низ цел свет.

    Тој се обрати преку видеоврска на почетокот на годишното собрание на Светската здравствена организација (СЗО), откако САД и други западни земји во изминатиот период ја обвинуваа Кина дека не била транспарентна во почетната фаза од епидемијата на коронавирусот, за кој научниците веруваат дека потекнал од Вухан.

    Кина поддржува меѓународна истрага предводена од Светската здравствена организација, која би се спровела откако пандемијата ќе заврши. Сите ние мора да дејствуваме отворено, транспарентно и одговорно“, изјави Шји.

    Тој објави дека Кина ќе донира две милијарди долари на Обединетите нации и понуди помош за изградба на болници и здравствена инфраструктура во Африка.

    Низ светот досега има повеќе од 4,7 милиони случаи на коронавирус, додека бројката починати порасна на 315.000, од кои половина се во Европа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира