И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ ОД ВЛАСТА, ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ДЕМОНСТРАНТИ ПОВТОРНО ПОБАРАА ЗАМИНУВАЊЕ НА ЛУКАШЕНКО

    И ПОКРАЈ ЗАКАНИТЕ ОД ВЛАСТА, ДЕСЕТИЦИ ИЛЈАДИ ДЕМОНСТРАНТИ ПОВТОРНО ПОБАРАА ЗАМИНУВАЊЕ НА ЛУКАШЕНКОНародот излезе на улиците иако Лукашенко претходно се закани дека ќе стави крај на протестите (Фото: АП)

    Десетици илјади антивладини демонстранти и денеска излегоа на улиците на Минск, додека армијата предупреди дека таа, а не полицијата ќе одговори на секаков обид за оштетување на спомениците од Втората светска војна.

    Протестите во Белорусија се одржуваат веќе две недели, како реакција на спорните претседателски избори, на кои што Александар Лукашенко наводно победил со повеќе од 80% освоени гласови. Лукашенко, кој се соочува со најголемиот притисок во своето 26-годишно владеење, го обвини НАТО дека се обидува да ја урне власта. Народот излезе на улиците, и покрај тоа што Лукашенко претходно се закани дека ќе стави крај на протестите.

    Носејќи црвено-бели знамиња кои ја симболизираат опозицијата, демонстрантите повторно го повикаа Лукашенко да си замине и да одржи нови избори. Тие денеска се соочија со закани и од армијата.

    „Категорички предупредуваме: ќе си имате работа со војската, не со полицијата, доколку ги осквернавите светите воени обележја. На протестите нема место за фашизам“, објави Министерството за одбрана.

    Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека е невозможно да се докаже дека Лукашенко не победил на изборите, обвинувајќи ги опозициските лидери дека сакаат крвопролевање во земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира