И РУСКИОТ „АВИОН НА СУДНИОТ ДЕН“ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА УТРЕШНАТА ПАРАДА ВО МОСКВА, СВЕТОТ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ГОВОРОТ НА ПУТИН

    И РУСКИОТ „АВИОН НА СУДНИОТ ДЕН“ ЌЕ УЧЕСТВУВА НА УТРЕШНАТА ПАРАДА ВО МОСКВА, СВЕТОТ ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА ГОВОРОТ НА ПУТИНВо Москва вчера се одржа проба на парадата (Фото: АП)

    Владимир Путин ќе испрати предупредување за судниот ден до Западот кога утре ќе ја предводи прославата на Денот на победата над фашизмот, што светот ја очекува со голем интерес. Пркосејќи им на западните санкции, што ја ставија Русија во опасност од изолација, Путин ќе одржи говор на Црвениот плоштад во Москва, пред парадата на војници, тенкови, ракети и интерконтинентални балистички проектили.

    Од министерството за одбрана кажаа дека на парадата ќе учествуваат и суперсонични борбени авиони, стратешките бомбардери „ту-160“ и, за првпат од 2010, командниот авион на судниот ден „ил-80“, наменет за превоз на руските лидери во случај на нуклеарна војна. Во такво сценарио, „ил-80“ би бил подвижен команден центар на рускиот претседател. Опремен е со напредна технологија, но специфичните детали се државна тајна.

    Западните земји очекуваат Путин да го искористи утрешниот ден за пропагандни цели, додека руските сили ја засилуваат офанзивата во источна Украина. Во изминатите денови доста се шпекулираше со тоа дека Путин на 9 мај ќе соопшти нешто големо пред мавзолејот на Ленин, како формално објавување војна на Украина, но Кремљ ги отфрли таквите шпекулации.

    Путин често ја споредува војната во Украина со предизвикот со кој Советски Сојуз се соочи кога Хитлер го нападна во 1941 и тврди дека неговата главна цел е заштитата на оние кои зборуваат руски од прогонот од нацистите.

    Иако парадата на 11.000 војници и над 130 парчиња воена опрема ќе претставува голем спектакл, војната во Украина ги откри слабостите во руските вооружени сили и Кремљ не успеа да оствари очекувана брза победа.

    Пред помалку од две децении, Џорџ Буш му се придружи на Путин на прославата на 9 мај во Москва. Кремљ кажа дека западните лидери сега не се поканети.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира