И „СВИС ЕРЛАЈНС“ ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 НА ПИЛОТИТЕ И ЕКИПАЖОТ

    И „СВИС ЕРЛАЈНС“ ВОВЕДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВАКЦИНИРАЊЕ ПРОТИВ КОВИД-19 НА ПИЛОТИТЕ И ЕКИПАЖОТПилотите и кабинскиот персонал, кои имаат рок да се вакцинираат до 15 ноември. (Фото: Свис)

    „Свис ерлајнс“ е уште една од низата авикомпании кои воведоа задолжително вакцинирање на пилотите и кабинскиот персонал, кои имаат рок да се вакцинираат до 15 ноември или да ризикуваат да бидат отпуштени.

    „Свис“ вели дека задолжителната вакцинација не е само поради здравствени причини туку и поради тоа што стана премногу комплицирано да се раководи авиокомпанија со вакциниран и невакциниран екипаж. Многу земји примаат само вакцинирани патници, па иако екипажите се главно изземени од тие правила, се чини дека тоа наскоро ќе се смени, што ќе ја загрози работата на компанијата оти нема да може да лета на тие дестинации.

    Од „Свис“ велат дека биле принудени да реагираат откако Хонгконг ненадејно воведе задолжителна вакцинација и за екипажите, оти инаку се соочуваат со одложување на летовите.

    Американската „Јунајтед ерлајнс“ беше првата која воведе задолжително вакцинирање за сите вработени до 27 септември.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира