Унгарија воведува двонеделен карантин за да се спречи ширењето на коронавирусот, чиј врв во земјата се очекува во јуни или јули, објави премиерот Виктор Орбан.
Жителите ќе смеат да одат на работа, до продавница или на кратко вежбање за време на карантинот, што стапува на сила утре, но притоа ќе мора да држат дистанца. Орбан кажа дека полицијата ќе помогне во спроведувањето на мерките.
Унгарија досега регистрираше околу 300 случаи на коронавирус, а десетмина починале.
„Вистинската бројка заразени веројатно е и поголема. Досега воведените рестрикции се покажуваат ефикасни. Унгарците ги намалија социјалните контакти, но запрено е ширењето на заразата“, кажа Орбан.