ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ БЛОКИРАА ПАТИШТА ШИРУМ СРБИЈА ПРОТИВ ПЛАНИРАНИОТ РУДНИК ЗА ЛИТИУМ

    ИЛЈАДНИЦИ ДЕМОНСТРАНТИ БЛОКИРАА ПАТИШТА ШИРУМ СРБИЈА ПРОТИВ ПЛАНИРАНИОТ РУДНИК ЗА ЛИТИУМПомали протести се одржаа во други српски градови, а имаше и тепачки меѓу демонстранти и контрадемонстранти во Белград и Нови Сад, според извештаите во локалните медиуми. - Од протестот во Белград (Фото: Нова.рс)

    Илјадници демонстранти блокираа главни патишта ширум Србија, незадоволни од планот на власта да му дозволи на гигантот „Рио Тинто“ да отвори рудник за литиум во Србија. Зелените активисти велат дека проектот ќе ги загади земјата и водите во Србија.

    Во Белград, демонстрантите окупираа автопат, како и мост кој го поврзува главниот град со околните населби. Тие скандираа антивладини слогани, а некои имаа и транспаренти против рудникот.

    Помали протести се одржаа во други српски градови, а имаше и тепачки меѓу демонстранти и контрадемонстранти во Белград и Нови Сад, според извештаите во локалните медиуми.

    Минатиот викенд имаше слични протести низ Србија за време на кои маскирани луѓе нападнаа собир во Шабац, што предизвика големо незадоволство на социјалните мрежи и обвинувања дека власта користи хулигани за да ги запре протестите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира