ИЛЈАДНИЦИ ЕВРОПСКИ ВОЈНИЦИ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ИДНО РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО УКРАИНА, ВО САМООДБРАНА БИ СМЕЕЛЕ ДА ИМ ВОЗВРАТАТ НА РУСИТЕ

    ИЛЈАДНИЦИ ЕВРОПСКИ ВОЈНИЦИ ЌЕ СЕ ОБУЧУВААТ ЗА ИДНО РАСПОРЕДУВАЊЕ ВО УКРАИНА, ВО САМООДБРАНА БИ СМЕЕЛЕ ДА ИМ ВОЗВРАТАТ НА РУСИТЕРечиси 3.000 воени лица од 12 земји ќе учествуваат на вежбата во Полска овој месец (Фото: ПА)

    Велика Британија и Франција ќе предводат воена вежба за да се тестира способноста на мултинационалните сили за распоредување во Украина, доколку се постигне мировен договор. Речиси 3.000 воени лица од 12 европски земји ќе учествуваат на вежбата во Полска овој месец.

    Плановите за сили за уверување на Украина беа утврдени минатата година како една од долгорочните безбедносни гаранции што ги предлагаат европските земји. Но, сè уште има повеќе прашања отколку одговори за тоа како таквата воена сила би функционирала во пракса. Западните претставници нагласуваат дека сили испратени во Украина нема да учествуваат во офанзивни операции и нема да бидат вклучени во мировни мисии или во мисии за следење на прекин на огнот.

    САД беа вклучени во дискусиите, но не придонесуваат во мисијата.

    Русија силно се противи на стационирањето странски трупи во Украина и минатата година Владимир Путин рече дека тие би биле легитимни цели.

    На мултинационалните трупи во Украина ќе им биде дозволено да возвратат доколку бидат нападнати од Русите, изјавија западни претставници. Исто така, тие нема да се потпираат на американски системи или технологија, како што е „Старлинк“.

    „Јасно е дека ќе ги заштитиме нашите сили од каква било агресија. Но, нивниот ангажман би бил строго дефанзивен“, рече функционер запознат со плановите.

    Британскиот министер за одбрана Вес Стритинг изјави дека вежбата ќе покаже дека Велика Британија, Франција и нивните сојузници ги засилуваат подготовките за денот кога мирот ќе дојде во Украина.

    „Ова не е хипотетички план, туку вистинска сила, подготвена да ѝ помогне на Украина штом ќе престанат борбите“, рече тој.

    Други земји-учеснички се Полска, Германија, Белгија, Естонија, Литванија, Холандија, Шпанија, Шведска и Турција.

    Вежбата „Коалиќја“, која ќе трае од 9 до 22 ноември, ќе биде проба за тоа како да се движат, заштитат и снабдуваат силите во Украина. Исто така, ќе биде тест за нивните команда и контрола за да се обезбеди дека трупите од различни земји можат да работат заедно.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира