ИЛЈАДНИЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУС ВО ПОЛСКА

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Варшава,(АП)

    ИЛЈАДНИЦИ ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЗАКОНОТ ЗА ЗАБРАНА НА АБОРТУС ВО ПОЛСКА

    Со знамиња на Полска и Европската унија, илјадници Полјаци маршираа низ Варшава во последниот од серијата протести против конзервативната влада, за чии политики критичарите велат дека ја разделуваат нацијата и ја оддалечуваат од вредностите на ЕУ.

    Луѓе од цела Полска дојдоа за вчерашниот протест, организиран од Комитетот за одбрана на демократијата, а проценка на полицијата е дека учествувале 12.000 луѓе. КОД редовно организира протести против владата на партијата Право и правда и нејзиниот лидер Јарослав Качински.

    Демонстрантите овојпат ја осудија поддршката на владата за законот за забрана на абортусот, кој веќе е влезен во собраниска процедура и се очекува наскоро да биде донесен. Според предложениот закон, абортус ќе биде дозволен само ако животот на мајката е во опасност и затворската казна за прекршителите на законот се зголемува од две на пет години.

    Владата, пак, инсистира дека осумгодишното владеење на нивните претходници не им служело на обичните Полјаци и дека се потребни радикални реформи за да се промени тоа.

    Паралелно, во Варшава се одржа уште еден протест, на кој се бараше повеќе пари за здравствениот систем и за медицинскиот персонал.  

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари