ИЛЈАДНИЦИ СЕ СОБРАА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПУЧОТ ВО МЈАНМАР И ПОКРАЈ БЛОКИРАНИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

    ИЛЈАДНИЦИ СЕ СОБРАА НА ПРОТЕСТ ПРОТИВ ПУЧОТ ВО МЈАНМАР И ПОКРАЈ БЛОКИРАНИТЕ СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИГолем број од толпата носи црвена боја, бојата на пaртијата на Су Кји. (Фото: Шатерсток)

    Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Јангон на протест против пучот на војската на Мјанмар и побараа да биде ослободена избраната лидерка Аунг Сан Су Кји, и покрај блокираниот интернет. Во знак на револт, на еден од најголемите протести во земјата се скандира „Долу воени диктатори, победа за демократијата“, се носат транспаренти со „Против воена диктатура“.

    Голем број од толпата носи црвена боја, бојата на пaртијата на Су Кји, Националната лига за демократија. Од вторникот таа се наоѓа во притвор на непозната локација, откако војската изведе пуч и спречи формирање на новиот парламент.

    Новата воена власт, која прогласи едногодишна вонредна состојба, ќе спроведе истрага дали имало лажирање на парламентарните избори во ноември, на кои партијата на Су Кји, Национална лига за демократија, освои големо мнозинство.

    Компанијата Фејсбук соошти дека се „исклучително загрижени поради болкадата“ и до војската побараа да ги ослободи социјалните мрежи, „кои им се од исклучително значење во ова време“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира