ИЛЈАДНИЦИ СТУДЕНТИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ШИРУМ ГРЦИЈА ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА СО 57 ЗАГИНАТИ

    ИЛЈАДНИЦИ СТУДЕНТИ ИЗЛЕГОА НА ПРОТЕСТИ ШИРУМ ГРЦИЈА ПО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА СО 57 ЗАГИНАТИВо Атина и Солун имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата. (Фото: Катимерини)

    Се интензивираат протести во Грција неколку дена по најсмртоносната железничка несреќа во земјата, откако илјадници студенти излегоа на улиците во неколку градови, а во Атина имаше и судири меѓу демонстрантите и полицијата.

    Најмалку 57 луѓе, вклучувајќи студенти, загинаа откако патнички воз се судри со товарен воз во вторникот. Властите велат дека несреќата е последица на човечка грешка и веќе има осомничен вработен во железницата.

    Синоќешното насилство на протестите не беше масовно и протестите генерално беа мирни. Судири со полицијата имаше и во вториот најголем град во Грција, Солун.

    Во Атина, полицијата пред парламентот употреби солзавец и шок бомби за да ги растера демонстрантите. Немаше апсења и повредени.

    Протестите организирани од студентски групи се насочени против наводниот недостиг на безбедносни мерки во грчката железничка мрежа.

    Најголемиот протест синоќа беше во Лариса, град близу железничката несреќата. Слични протести имаше претходно во средата и четвртокот.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира