ИЛЈАДНИЦИ УНГАРЦИ НА ПРОТЕСТ ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ ОПОЗИЦИСКИ ВЕСНИК

a:1:{s:9:"td_source";s:28:"Будимпешта,(АП)

    ИЛЈАДНИЦИ УНГАРЦИ НА ПРОТЕСТ ПО ЗАТВОРАЊЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ ОПОЗИЦИСКИ ВЕСНИК

    Илјадници Унгарци излегоа денес на протест против корупцијата на власта и со барање за зачувување на слободата на медиуми. Протестот во Будимпешта, организиран од граѓански организации и помали опозициски партии, се одржа на улицата „Слободен печат“, традиционално место за протести, но овојпат уште посимболично поради затворањето на најголемиот опозициски весник минатата недела.

    Издавачката куќа „Медијаворкс“ соопшти дека големите загуби и намалената читаност довеле до затворање на весникот „Непшабадсаг“. Новинарите се уште се под договор, но минимални се шансите за повторно отворање.

    Миклош Харгитај, новинар на затворениот весник, кажа дека владата на премиерот Виктор Орбан е единствената по 1990 година и крајот на комунистичкиот режим „која не толерира никаква контрола или критика, дури ниту прашања“, забележувајќи дека Орбан не дал интервју за весникот десет години.

    „Ние сме современици на криминален режим, но не мораме да бидеме негови соучесници. Секогаш имаме друг избор“, порача Харгитај.

    Партијата на Орбан тврди дека затворањето на весникот е чисто од финансиски причини и ја обвини Социјалистичката партија, чија фондација го продаде малцинскиот удел во весникот на „Медијаворкс“ минатата година, за неговото пропаѓање.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира