ПРОТЕСТИ ВО УНГАРИЈА ОТКАКО ВЛАДАТА НА ОРБАН ГО УСВОИ „ЗАКОНОТ ЗА РОБОВИ“

    ПРОТЕСТИ ВО УНГАРИЈА ОТКАКО ВЛАДАТА НА ОРБАН ГО УСВОИ „ЗАКОНОТ ЗА РОБОВИ“Демонстрантите синоќа блокираа и мост на Дунав на вториот ден од протестите (Фото: Ројтерс)

    Илјадници Унгарци синоќа ги продолжија протестите почнати во средата против новиот закон за регулирање на работните односи, што критичарите го нарекоа „закон за робови“, како и против законот што ќе ја ослободи владата од независна контрола од страна на судовите.

    Десничарската владејачка партија Фидес ги изгласа и двата закони завчера, предизвикувајќи протести како од опозицијата во парламентот, така и на улиците.

    Околу 3.000 демонстранти се собраа синоќа пред зградата на парламентот и подоцна го блокираа сообраќајот на еден од мостовите на Дунав, порачувајќи му на премиерот Орбан да оди во пеколот.

    „Незадоволството нѐ собра овдека. Прва работа е новиот закон за судовите, што е следна фаза во зацврстувањето на моќта на Орбан, додека вториот закон е шлаканица за работниците“, изјави 65-годишниот Тамаш Сабо, носејќи унгарско знаме.

    „Дојдов овдека да ѝ покажам среден прст на владата“, додаде еден студент.

    Новиот закон за работни односи ќе им дозволи на работодавците повеќе од 400 часови прекувремена работа годишно. Од друга страна, активистите предупредуваат дека другиот закон ќе ѝ овозможи на владата да се меша во работата на судовите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира