Илјадници научници и здравствени експерти се придружија на глобално движење кое предупредува на сериозните проблеми околу политиките на воведување карантин поради коронавирусот. Речиси 6.000 експерти сметаат дека овој пристап има уништувачко влијание врз физичкото и менталното здравје, како и врз општеството.
Тие повикуваат заштитата да се фокусира на најранливите, додека здравите луѓе треба да се оставаат да го живеат животот.
Движењето почна во САД и декларацијата „Грејт Барингтон“ досега ја потпишале речиси 6.000 научници и медицински експерти, како и 50.000 други луѓе. Тие велат дека одржувањето на карантинот сѐ додека не се пронајде вакцина против ковид-19 може да предизвика непоправлива штета, ќе се намали стапката на вакцинирањето на децата и ќе се влоши грижата за срцево болните и за пациентите со рак. Исто така посочуват дека ризикот од коронавирусот е 1.000 пати поголем за старите и немоќните, додека децата се во поголема опасност од сезонскиот грип отколку од ковид-19.
„Додека имунитетот се гради во населението, ризикот од заразувањето на сите, вклучувајќи ги и ранливите категории, опаѓа. Тоа би бил далеку посочувствителен пристап“, велат тие.