ИМ РЕКОВ НА МОИТЕ ЛУЃЕ ДА НАМАЛАТ СО ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНАВИРУС ЗАШТО БРОЈКИТЕ ИЗГЛЕДААТ ЛОШО, КАЖА ТРАМП НА ПОВРАТНИЧКИОТ МИТИНГ

    ИМ РЕКОВ НА МОИТЕ ЛУЃЕ ДА НАМАЛАТ СО ТЕСТИРАЊА ЗА КОРОНАВИРУС ЗАШТО БРОЈКИТЕ ИЗГЛЕДААТ ЛОШО, КАЖА ТРАМП НА ПОВРАТНИЧКИОТ МИТИНГТрамп одржа стоминутен говор, но салата во Тулса беше далеку од полна (Фото: АП)

    Доналд Трамп се врати во претседателската кампања одржувајќи го првиот митинг по 110 дена, но салата во Тулса (Оклахома) беше далеку од полна.

    Во пресрет на митингот, Трамп кажа дека речиси милион луѓе побарале карта за да присуствуваат, при што беше одбиено неговото барање да се обрати и надвор од салата. Присутните мораа да потпишат формулар дека нема да ја тужат кампањата доколку се заразат со коронавирус на митингот.

    Трамп кажа дека поради премногу тестирања што се прават во САД податоците изгледаат многу лошо, па побарал нивниот број да биде намален.

    „Кога правите толку многу тестирања, ќе пронајдете и многу случаи на коронавирус. Затоа им реков на моите луѓе ‘намалете со тестирања‘. Тие тестираа и тестираа“, кажа Трамп, нарекувајќи го вирусот „кунг флу“.

    Од Белата куќа подоцна кажаа дека Трамп очигледно се шегувал за тестирањата.

    Во салата во Тулса ретко кој носеше маска, а Трамп се осврна и на последните протести против расизмот низ САД, на кои беа урнати неколку статуи.

    „Незапирливата левичарска толпа ја вандализира нашата историја, ги сквернави спомениците, нашите прекрасни споменици. Тие сакаат да ја уништат нашата историја за да можат да наметнат нов репресивен режим. Надвор има многу лоши луѓе кои прават многу лоши работи“, кажа Трамп.

    Тој порача дека ако не биде повторно избран за претседател, Американците ќе се соочат со хаос каков што сега владее во градовите каде што на власт се Демократите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира