Не се знае бројот на загинати во пожарот што веќе осум часа гори во 24-катна станбена зграда. Триесет луѓе се префрлени во болница.
„Има бројни жртви“, потврди Противпожарната бригада на Лондон. Засега не можат да кажат колкумина загинале. Шефот на Пожарната рече дека ова е пожар без преседан и дека до сега не видел вакво нешто.
Пожарот избувнал околу 1 часот по полноќ на пониските катови во зградата во западен Лондон. Не можејќи да бегаат надвор станарите бегале нагоре.
Целата зграда во којашто живеат илјадници луѓе е во пламен. Очевидци велат дека многумина се заробени на погорните катови. Тие велат дека виделе светла, најверојатно од мобилни телефони или факели од станари кои очекуваат помош.
Експертите велат дека има опасност од високата температура висококатницата да се урне.
Зградата била изградена во 1974 година.