ИМАМЕ ДОВОЛНО ОРУЖЈЕ, НИ ТРЕБААТ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ

    ИМАМЕ ДОВОЛНО ОРУЖЈЕ, НИ ТРЕБААТ ПРОЕКТИЛИ СО ДОЛГ ДОСТРЕЛ, КАЖА ЗЕЛЕНСКИЗападните земји ѝ ветија оружје според НАТО стандарди на Украина, но испораката оди бавно (Фото: АП)

    Украинската војска има доволно муниција и оружје, но ѝ недостигаат проектили со долг дострел, кажа претседателот Володимир Зеленски.

    „Имаме доволно оружје. Она што ни недостига е оружје со кое би ја поништиле предноста на руската опрема“, изјави Зеленски.

    Западните земји ѝ ветија оружје според НАТО стандарди на Украина, но испораката оди бавно, а дополнителен проблем е обуката за негово користење.

    Во тој поглед, Германија кажа дека наскоро ќе ја комплетира обуката на украинските војници за ракување со германски хаубици. Германија ќе испрати хаубици од типот „панцер 2000“, кои се едни од најмоќните артилериски оружја во составот на германската војска и можат да погодат цели на оддалеченост до 40 километри.

    Советникот на Зеленски, Михајло Подољак, истакна дека на Украина ѝ требаат 300 повеќеракетни системи, 1.000 хаубици, 500 тенкови и 1.000 дронови за да може да ѝ парира на Русија на фронтот.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира