Парламентот на Индонезија одобри нов кривичен законик, кој, меѓу другото, предвидува затворска казна до една година за секс надвор од бракот. Новиот законик нема да стапи на сила во следните три години, а со него ќе се забранат и навредување на претседателот и изразување ставови спротивни на државната идеологија. Критичарите велат дека ова води кон нарушување на демократските слободи во земјата.
Овие забрани ќе се однесуваат и на домашните и на странските државјани. Законикот вклучува неколку закони за морал, со кои им се забранува на невенчаните двојки да живеат заедно и да имаат секс. Прељубата е уште еден прекршок за кој ќе може да се оди во затвор.
Групите за човекови права велат дека новите закони непропорционално ги погодуваат жените, ЛГБТ заедницата и етничките малцинства.
„Ова е катастрофа за човековите права и голем чекор назад за земјата, која се обидува да се претставува себеси како модерна муслиманска демократија“, изјави Елејн Пирсон, директорката на азискиот оддел на организацијата Хјуманс рајт воч.
Некои делови од Индонезија веќе имаат строги правила поврзани со секс и интимни врски.