ИРАН ГИ ПРЕДУПРЕДИЛ ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ ДЕКА ЌЕ ГИ НАПАДНЕ АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ АКО САД ГО НАПАДНАТ

    ИРАН ГИ ПРЕДУПРЕДИЛ ЗЕМЈИТЕ ВО РЕГИОНОТ ДЕКА ЌЕ ГИ НАПАДНЕ АМЕРИКАНСКИТЕ БАЗИ АКО САД ГО НАПАДНАТТрамп се заканува дека ќе интервенира во Иран од самиот почеток на протестите пред речиси три недели (Фото: АП)

    Техеран ги предупреди американските сојузници на Блиски Исток дека ќе ги нападне американските бази во регионот ако САД го нападнат Иран како одговор на задушувањето на антивладините протести. Активистичките групи велат дека бројот на загинати надминал 2.600, додека верските власти се соочуваат со еден од најголемите предизвици од Исламската револуција во 1979.

    Еден израелски функционер изјави дека Доналд Трамп одлучил да интервенира во Иран, но обемот и терминот на тие акции останува непознат. Во исто време, Техеран побарал од американските сојузници во регионот да се обидат да ги спречат САД да го нападнат Иран.

    Техеран им кажа на регионалните земји, од Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати до Турција, дека тамошните американски воени бази ќе бидат нападнати“, изјави еден ирански функционер, додавајќи дека се прекинати контактите помеѓу иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи и специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виткоф.

    Трамп се заканува дека ќе интервенира во Иран од самиот почеток на протестите пред речиси три недели. Тој вчера ги повика Иранците да продолжат да протестираат и одново се закани со „многу силна акција“ по извештаите дека Иран ќе почне да егзекутира уапсени демонстранти. Ова го најави и шефот на иранското судство, кој кажа дека „ќе бидат забрзани судењата и казнувањата на оние кои обезглавувале или палеле луѓе“.

    Иран лансираше проектили кон американската воена база Ал Удеид во Катар минатата година како одмазда за американските напади врз ирански нуклеарни постројки.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира