ИРАН ЛАНСИРАШЕ ДРОНОВИ КОН ИЗРАЕЛ

    ИРАН ЛАНСИРАШЕ ДРОНОВИ КОН ИЗРАЕЛИзраелските сили кажаа дека се на висок степен на готовност

    Иран лансираше дронови кон Израел, објавија Израелските одбранбени сили (ИДФ), што е очекуваниот одмазднички напад за неодамнешното бомбардирање на иранскиот конзулат во Дамаск. Се очекува дроновите да пристигнат околу два часот по локално време.

    Израелските сили кажаа дека се на висок степен на готовност и дека се набљудуваат сите мети. Се проценува дека Иран лансирал над 100 дронови.

    Иран вети дека ќе се одмазди за нападот на 1 април, кога загинаа и ирански генерали. Израел не ја презеде одговорноста за овој напад, но сите сметаат дека стои зад него.

    Нашите одбранбени системи се распоредени. Спремни сме за секое сценарио, и дефанзивно и офанзивно. Израелската држава е силна. Цениме што САД стојат со Израел, заедно со Велика Британија, Франција и многу други држави“, изјави премиерот Бенјамин Нетанјаху.

    Безбедносните извори кажаа дека се забележани десетици дронови како летаат од Иран кон Израел, што е опишано како широк воздушен напад од Иранската револуционерна гарда.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира