ИРАН НÈ МОЛИ ЗА ДОГОВОР, ПОДОБРО ДА ОДГОВОРИ НА НАШИОТ ПЛАН ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА, КАЖА ТРАМП

    ИРАН НÈ МОЛИ ЗА ДОГОВОР, ПОДОБРО ДА ОДГОВОРИ НА НАШИОТ ПЛАН ПРЕД ДА БИДЕ ПРЕДОЦНА, КАЖА ТРАМПТрамп продолжува да тврди дека Иран очајно сака да склучи договор (Фото: АП)

    Доналд Трамп му порача на Иран да одговори на американските предлози за завршување на војната пред да биде предоцна.

    Иран праќаше мешани сигнали околу можноста за разговори со САД откако владата на Трамп му испратила план со 15 точки преку посредникот Пакистан. Планот досега не е официјално објавен. Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјави дека неговата влада не е вклучена во разговори со САД и нема намера да преговара.

    Во исто време, Трамп продолжува да тврди дека Иран очајно сака да склучи договор.

    „Иранските преговарачи се многу поинакви и чудни. Тие нè молат да склучиме договор, што и треба да го прават, бидејќи се воено уништени, со нулта шанса за враќање. Сепак, јавно изјавуваат дека само го разгледуваат нашиот предлог. Грешат! Станете сериозни, пред да биде предоцна, бидејќи штом се случи тоа, нема враќање назад и нема да биде убаво“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.

    Пакистанскиот министер за надворешни работи Ишак Дар потврди дека неговата земја пренесува пораки помеѓу САД и Иран, велејќи дека тие водат индиректни разговори.

    Трамп уште еднаш го нападна НАТО што не им помага на САД во војната со Иран.

    „Членките на НАТО не направија апсолутно ништо за да ни помогнат со лудата држава Иран, која сега е воено уништена. На САД не им треба помош од НАТО, но никогаш нема да го заборавиме овој важен момент“, кажа тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира