ИРАН СО ДРОНОВИ НАПАДНА АМЕРИКАНСКИ РАДАРСКИ СИСТЕМ ВО БАХРЕИН

    ИРАН СО ДРОНОВИ НАПАДНА АМЕРИКАНСКИ РАДАРСКИ СИСТЕМ ВО БАХРЕИНБахреин, кој се наоѓа веднаш преку Персискиот Залив спроти Иран, е домаќин на Петтата флота на американската морнарица и во повеќе наврати беше напаѓан од Техеран во текот на војната. (Фото: Икс)

    Иран гаѓаше воздухопловна база во Бахреин во најновото продолжение на нападите од септември наваму, поради што утрово во оваа заливска држава се огласија сирени за тревога и беа издадени јавни предупредувања.

    Според иранските медиуми, Исламската револуционерна гарда соопштила дека испратила шест дронови за напад врз американски радарски систем сместен во островската држава, која е сојузник на САД. Експлозии се слушнале околу главниот град Манама, но бахреинските власти велат дека нивната противвоздушна одбрана ги пресретнала нападите пред да стигнат до целите.

    Во соопштението на Револуционерната гарда се наведува дека американскиот радарски систем за противвоздушна одбрана во хеликоптерската база Ал-Рифа во Бахреин бил цел на шест дронови на воздушно-космичките сили на гардата. Оттаму додаваат дека Ормускиот Теснец е затворен и оти секоја агресија од американскиот непријател ќе наиде на уште пожесток и посилен одговор.

    Бахреинското министерство за надворешни работи соопшти дека Иран го продолжува својот систематски непријателски пристап преку грешните напади врз Кралството Бахреин. Оттаму велат дека Бахреин отфрла неговата територија да се претвори во арена за расчистување сметки и го смета Иран за целосно одговорен за овие напади.

    Бахреин, кој се наоѓа веднаш преку Персискиот Залив спроти Иран, е домаќин на Петтата флота на американската морнарица и во повеќе наврати беше напаѓан од Техеран во текот на војната, која се карактеризира со повремени разгорувања на нападите по долги периоди на затишје.

    Постојат стравувања дека утринските напади на Иран би можеле да значат обновување на војната, додека американскиот претседател Доналд Трамп се закануваше, но засега се воздржа од враќање кон големи борбени дејствија. Преговорите за ставање крај на војната остануваат во ќор-сокак, при што САД ја одржуваат својата поморска блокада, а Иран ја задржува контролата врз Ормускиот Теснец.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира