ИРАНСКИОТ АЈАТОЛАХ ГО ОБВИНИ „КРИМИНАЛЕЦОТ“ ТРАМП ЗА ПРОТЕСТИТЕ НА КОИ ЗАГИНАА ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ

    ИРАНСКИОТ АЈАТОЛАХ ГО ОБВИНИ „КРИМИНАЛЕЦОТ“ ТРАМП ЗА ПРОТЕСТИТЕ НА КОИ ЗАГИНАА ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕАли Хаменеи ги опиша демонстрантите како „пешадинци на САД“ (Фото: Гети)

    Врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, го обвини Доналд Трамп за протестите во земјата, откако групите за човекови права соопштија дека илјадници луѓе загинаа во насилното задушување од страна на безбедносните сили. Протестите почнаа на 28 декември поради растечките економски проблеми и прераснаа во широки демонстрации, на кои се бараше крај на верското владеење во Иран.

    Повикувајќи ги Иранците да продолжат да протестираат, Трамп постојано се закануваше дека ќе интервенира и ветуваше дека ќе „преземе многу силни мерки“ доколку Иран почне да егзекутира демонстранти. Тој вчера им се заблагодари на иранските лидери зашто ги откажале масовните бесења, додека Иран соопшти дека немало план за бесење демонстранти.

    „Нема да ја вовлечеме земјата во војна, но нема да дозволиме домашните и меѓународните криминалци да останат неказнети“, порача Хаменеи.

    Иранските власти обвинуваа неименувани терористи за смртта на илјадници луѓе на протестите, велејќи дека Израел и САД се одговорни за нивно организирање.

    Го сметаме претседателот на САД за криминалец поради жртвите, штетите и клеветите што ѝ ги нанесе на иранската нација. Оние поврзани со Израел и САД предизвикаа огромна штета, убија неколку илјади луѓе, подметнаа пожари, уништија јавен имот и предизвикаа хаос“, рече Хаменеи.

    Тој ги опиша демонстрантите како „пешадинци на САД“ кои уништиле џамии и образовни центри.

    Според активистичката организација ХРАНА, на протестите биле убиени 3.090 луѓе, од кои 2.885 демонстранти, а над 22.000 биле уапсени. Иран со денови беше без интернет, а блокадата дури денеска беше делумно укината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира