ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ИНТЕРВЈУТО СО КРИСТИЈАН АМАНПУР ЗАШТО ТАА ОДБИ ДА НОСИ ШАМИЈА

    ИРАНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ИНТЕРВЈУТО СО КРИСТИЈАН АМАНПУР ЗАШТО ТАА ОДБИ ДА НОСИ ШАМИЈААманпур била известена за барањето на Раиси 40 минути пред почетокот на интервјуто (Фото: Твитер)

    Иранскиот претседател Ебрахим Раиси се повлече од долгопланираното интервју со новинарката на Си-Ен-Ен, Кристијан Аманпур, во зградата на Обединетите нации во Њујорк откако таа го одбила неговото барање да носи шамија на главата. Таа била известена за барањето на Раиси 40 минути пред почетокот на интервјуто.

    Аманпур, која пораснала во Техеран и добро го зборува јазикот фарси, вели дека носи шамија секој пат кога известува од Иран, во согласност со локалните закони и обичаи.

    „Овдека во Њујорк или каде било надвор од Иран, ниеден ирански претседател, а сум ги интервјуирала сите од 1995 година, не ми побарал да носам шамија. Многу љубезно одбив, зашто тоа не беше услов“, кажа Аманпур.

    Додаде дека Раиси нагласил дека интервјуто нема да се одржи ако таа не носи шамија од знак на почит, но и поради ситуацијата во Иран.

    Оваа недела, во Иран избија масовни антивладини протести поради смртта на 22-годишната Махса Амини, која почина во притвор откако била уапсена од полицијата за морал поради наводно прекршување на законот за покривала за глава. Илјадници излегоа на улица, при што загинале најмалку 36 луѓе.

    Од Исламската револуција во 1979, сите жени во Иран мора да носат покривало за глава и врат и тоа важи и за странски туристки, новинарки и политичарки.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира