ИСЧЕЗНАТИОТ НОВИНАР НА „ВАШИНГТОН ПОСТ“ Е УБИЕН ВО САУДИСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ИСТАНБУЛ, ВЕЛАТ ТУРСКИТЕ ВЛАСТИ

    ИСЧЕЗНАТИОТ НОВИНАР НА „ВАШИНГТОН ПОСТ“ Е УБИЕН ВО САУДИСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО ИСТАНБУЛ, ВЕЛАТ ТУРСКИТЕ ВЛАСТИНа Џамал Кашоги му се губи трагата откако во вторникот отишол во конзулатот за да добие потврда за развод (Фото: ЕПА)

    Турските власти изјавија дека веруваат оти новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги, кој се води како исчезнат веќе неколку дена, е убиен во конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул.

    Кашоги, кој е саудиски државјанин, за последен пат бил виден кога го посетил конзулатот во вторникот. Според едно официјално лице, првичната истрага упатува на тоа дека Кашоги е убиен внатре, иако Турција засега нема дадено ниеден доказ за своето тврдење.

    Саудиска Арабија ги отфрла овие обвинувања и изјави дека работи на негово пронаоѓање.

    „Вашингтон пост“ соопшти дека евентуалното убиство на Кашоги би бил монструозен чин, додека во исто време, ова би можело да предизвика голема криза во односите помеѓу Турција и Саудиска Арабија.

    Џамал Кашоги е познат како голем критичар на саудискиот принц Мохамед бин Салман и има 1,6 милиони следбеници на Твитер. Во вторникот, тој отишол во конзулатот за да добие потврда за развод, со цел да може да се ожени со својата свршеница од Турција. Таа вели дека го чекала надвор 11 часа, но тој не излегол.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира