ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ВО БАЗАТА НА САД ИНЏИРЛИК, ЕРДОГАН БАРА ОД ОБАМА ДА ГО УАПСИ НЕГОВИОТ РИВАЛ ЃУЛЕН

a:1:{s:9:"td_source";s:53:"Вашингтон,Истанбул(СиЕнЕн)

    ИСКЛУЧЕНА СТРУЈАТА ВО БАЗАТА НА САД ИНЏИРЛИК, ЕРДОГАН БАРА ОД ОБАМА ДА ГО УАПСИ НЕГОВИОТ РИВАЛ ЃУЛЕН

    И по 24 часа од неуспешениот обид за воен удар во Турција кој однесе 200 жртви, се уште не е јасно кој стоеше зад него и зошто тој удар се случи токму сега.

    Претседателот Реџеп Таип Едроган во саботата на голем митинг во Истанбул побара од САД да го уапси или екстрадира Фетулах Ѓулен, исламски свештеник кој живее во самонаметнат егзил во Пенсилванија.

    “Апелирам до САД и претседателот Барак Обама …да го уапсат  Фетулах Ѓулен или да го вратат во Турција. Треба да го направат тоа ако сме стратешки партнери или модел партнери“, рече Ердоган.

    Повикот на Ердоган за вклучување на САД во казнување на неговиот ривал доаѓа откако турските власти го затворија воздушниот простор околу воздухопловната база Инџирлик, каде што неговата влада им овозможува на американските воени сили да спроведуваат воздушната кампања против ИСИС во Сирија и во Ирак.

    Во саботата Пентагон соопшти дека американски официјални лица работат со Турција да обезбедат продолжување на воздушните операции во воздухопловната база Инџирлик. “Во меѓувреме, Централната команда на САД, ги адаптира борбените летови во кампањата за борба против ИСИС“, изјави портпаролот на Пентагон Питер Кук.

    Засега, американските воздушни напади од базата се прекинати. Турските власти ги известиле САД дека воздушниот простор ќе биде затворен се додека тие не бидат сигурни дека турските воздухопловни сили се целосно во рацете на владините сили. Сепак, на неколку американски авиони им било дозволено да слетаат во Инџирлик по враќање од мисија во Ирак или Сирија.

    Претходно, конзулатот на САД во Адана објави дека е исклучена и струјата во базата, а властите спречуваат движење надвор од локацијата. Питер Кук, портпарол на Пентагон изјави дека американските објекти во базата работат со свој извор на енергија и исклучувањето на струјата не влијае на операциите. „Нашиот персонал таму е безбеден и сигурен“, рече тој.

    Базата е седиште на турските воздухопловни сили и на 1.500 американски војници.

    Свештеникот Ѓулен, за кој Ердоган бара од САД да му го предадат, негираше било каква инволвираност во државниот удар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира