ИСКУСНИОТ ДИПЛОМАТ ЕНТОНИ БЛИНКЕН ЌЕ БИДЕ НОВ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САД

    ИСКУСНИОТ ДИПЛОМАТ ЕНТОНИ БЛИНКЕН ЌЕ БИДЕ НОВ ДРЖАВЕН СЕКРЕТАР НА САДБлинкен беше втор човек во Стејт департментот и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Обама (Фото: АП)

    Џо Бајден ќе го номинира искусниот дипломат Ентони Блинкен за нов државен секретар, откри извор упатен во транзицијата на власта во Вашингтон.

    Блинкен е долгогодишен близок соработник на Бајден, кој беше втор човек во Стејт департментот и заменик советник за национална безбедност во администрацијата на Барак Обама. Се очекува ова да биде официјално соопштено утре, кога Бајден планира да објави дел од имињата од својот тим.

    Друг близок соработник на Бајден, Џејк Саливан, е главен кандидат за функцијата советник за национална безбедност.

    Се очекува Бајден и Блинкен да поништат добар дел од надворешната политика на Трамп и Мајк Помпео. Бајден најави дека САД ќе се вратат во Парискиот климатски договор и во нуклеарниот договор со Иран и дека ќе биде поништено излегувањето од Светската здравствена организација.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира