ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД БЛИЗУ МОСКВА, ВО КОЈ СЕ УБИЕНИ НАЈМАЛКУ 40 ЛУЃЕ

    ИСЛАМСКА ДРЖАВА ЈА ПРЕЗЕДЕ ОДГОВОРНОСТА ЗА ТЕРОРИСТИЧКИОТ НАПАД БЛИЗУ МОСКВА, ВО КОЈ СЕ УБИЕНИ НАЈМАЛКУ 40 ЛУЃЕНападот се случи пред почетокот на концертот на рускиот рок бенд „Пикник“ во салата „Крокус“ (Фото: АП)

    Исламска држава се огласи на својот канал на Телеграм за да ја преземе одговорноста за вечерашниот терористички напад близу Москва, во кој се убиени најмалку 40 луѓе, а 145 се ранети. Оваа информација не е независно потврдена.

    На 7 март, руската Федерална безбедносна служба кажа дека спречила напад врз синагога во Москва планиран од ќелија на Исламска држава. Малку детали беа објавени за овој напад, освен дека напаѓачите биле „неутрализирани“ при обид за апсење.

    Борците на Исламска држава нападнаа голем собир на христијани во градот Красногорск на периферијата на руската престолнина Москва. Тие убија и ранија стотици луѓе и предизвикаа големо уништување на местото, пред безбедно да се повлечат во своите бази“, соопшти ИСИС.

    Нападот се случи пред почетокот на концертот на рускиот рок бенд „Пикник“ во салата „Крокус“. За концертот биле продадени 6.200 карти, но не е познато колку луѓе имало во салата кога почнало пукањето. Нападот го извеле најмалку четири вооружени лица облечени во маскирни униформи.

    Во салата се регистрирани и експлозии, поради што избувнал голем пожар и се урнал дел од покривот. Руските медиуми објавија дека пожарот е локализиран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира