Таканаречената Исламска држава (ИС) сооппти дека стои зад вчерашниот напад со камион на божикниот панаѓур во Берлин, во кој загинаа 12, а 48-мина се повредени. Групата ја презеде одговорноста за нападот преку нивната самонаречена новинска агенција.
Претходно, германскиот обвинител соопшти дека осомничениот за нападот со камион во Берлин е пуштен оти нема доволно докази за обвинение против човекот, идентификуван само како Пакистанецот Навед Б. Toj претходно негирал дека учествувал во нападот, a беше фатен вчера во парк откако наводно избегaл од местото на нападот.
Полицијата изјави дека станува збор за терористички напад.