ИСЛАНД СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА СО ЖЕНСКО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВО

    ИСЛАНД СТАНА ПРВАТА ЗЕМЈА ВО ЕВРОПА СО ЖЕНСКО ПАРЛАМЕНТАРНО МНОЗИНСТВОИсландската премиерка Катрин Јакобсдотир на вчерашното гласање. (Фото: Гети)

    Исланд најверојатно ќе стане првата европска држава со женско парламентарно мнозинство. Според проекциите базирани на финалните изборни резултати, 33 од 63 пратенички места во Парламентот, или 52 отсто, ги добија жени.

    Ова е зголемување од девет пратенички места од последните избори во 2017.

    Ниту една друга земја во Европа не го поминала прагот од 50 отсто. Најблиску стигна Шведска, со 47 посто жени во Парламентот.

    За разлика од некои други земји, Исланд нема законски квоти за женска застапеност во Парламентот, иако некои партии бараат минимален број кандидати да бидат жени.

    Исланд веќе долго време се смета за лидер во родовата еднаквост и по 12. пат беше рангирана како наједнакво родова нација во светот, во извештајот на Светскиот економски форум објавен во март.

    Земјата нуди еднакво породилно отсуство и за жените и за мажите, а првиот закон за еднаква плата на мажите и жените датира од 1961. Исланд исто така, беше првата земја во светот, кога во 1980 избра жена за претседател.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира