ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА БАРОВИТЕ, РЕСТОРАНИТЕ И ПРОДАВНИЦИТЕ, ЌЕ РАБОТАТ САМО СУПЕРМАРКЕТИ И АПТЕКИ

    ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА БАРОВИТЕ, РЕСТОРАНИТЕ И ПРОДАВНИЦИТЕ, ЌЕ РАБОТАТ САМО СУПЕРМАРКЕТИ И АПТЕКИ„Нема да трчаме слепо кон амбисот“, рече Конте во обраќањето до нацијата (Фото: АНСА)

    Италија ги затвора продавниците, баровите и рестораните за да го спречи ширењето на коронавирусот кој до средата навечер однесе 827 жртви, а 12.462 се заразени.

    Премиерот Џузепе Конте во обраќање преку Фејсбук најави нови, уште построги мерки за спречување на заразата.

    „За овие мерки да покажат резултати ќе мора да почекаме неколку недели“, рече Конте набројувајќи кои бизниси ќе бидат затворени.

    „Фризерниците, салоните за убавина, кантините, баровите, продавниците и рестораните ќе бидат затворени.  Ќе функционира јавниот превоз, продавниците за храна, супермаркетите и аптеките. Се дозволува достава на домашна адреса. На сите што можат да работат од дома им се препорачува да продолжат така. Фабриките остануваат отворени, со висок степен на мерки за претпазливост. Активностите во земјоделието, сточарството и преработката на храна, вклучително и транспортот на тие производи се дозволува во согласност со хигиенските и здравствени стандарди“, рече Конте во обраќањето преку Фејсбук, додавајќи „нема да трчаме слепо кон амбисот“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира