ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА И СУДОВИТЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО ДА СЕ ПРАВИ СО ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ЗАРОБЕНИ НА КРУЗЕРОТ ПОКРАЈ САН ФРАНЦИСКО

    ИТАЛИЈА ГИ ЗАТВОРА И СУДОВИТЕ, НИКОЈ НЕ ЗНАЕ ШТО ДА СЕ ПРАВИ СО ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ ЗАРОБЕНИ НА КРУЗЕРОТ ПОКРАЈ САН ФРАНЦИСКОКрузерот „Гранд принсес“, на кој веќе има 21 позитивен на коронавирус, се наоѓа во меѓународни води покрај брегот на Сан Франциско (Фото: Ројтерс)

    Италија донесе одлука за затворање на сите судови до 31 мај како уште една мерка против ширењето на коронавирусот, од кој починаа 197 луѓе во земјата, од кои дури 49 во последните 24 часа.

    Во Италија досега се пријавени 3.916 заразени, што е најголема бројка во Европа. Сите спортски натпревари, вклучувајќи ја и Серија А, ќе се играат пред празни трибини до 3 април, одлучи владата во средата.

    Засега нема назнаки кои ни кажуваат дека КОВИД-19 ќе исчезне во лето како нормалниот грип“, изјави д-р Марк Рајан, експерт за пандемски болести од Светската здравствена организација.

    Илјадници луѓе остануваат заробени на крузерот „Гранд принсес“, кој се наоѓа во меѓународни води покрај брегот на Сан Франциско, откако 21 од 46-те тестирани на коронавирус биле позитивни. Од нив, 19 се членови на екипажот.

    Претседателот Трамп изјави дека не му се допаѓа идејата патниците од крузерот да се симнат на американска почва, но додаде дека ќе ја послуша струката. На бродот има 2.422 гости и 1.111 членови на екипажот и меѓу нив има доста Американци и Британци.

    „Би сакал бројките со заразени да останат какви што се. Не ни треба нивно удвојување поради еден брод кој не е наша грешка“, изјави Трамп.

    Флорида пријави два смртни случаи од коронавирусот, први на источниот брег на САД, каде што вкупно има 16 починати.

    Според последните информации, со коронавирусот се заразени над 102.000 луѓе, а починале речиси 3.500.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира