ИТАЛИЈА ГО ОСЛОБОДИ НАЈПОЗНАТИОТ УБИЕЦ НА МАФИЈАТА, ОДГОВОРЕН ЗА НАД 100 УБИСТВА

    ИТАЛИЈА ГО ОСЛОБОДИ НАЈПОЗНАТИОТ УБИЕЦ НА МАФИЈАТА, ОДГОВОРЕН ЗА НАД 100 УБИСТВАЏовани Бруска беше уапсен во 1996 и првично доби доживотен затвор (Фото: АП)

    Еден од најозлогласените убијци на сицилијанската мафија, за кого се верува дека убил повеќе од 100 луѓе, е пуштен на слобода по поминати 25 години зад решетки.

    Шеесет и четиригодишниот Џовани Бруска е најпознат по тоа што го активирал експлозивот во атентатот на легендарниот судија Џовани Фалконе во 1992 година. Тој исто така наредил да се задави 11-годишно момче, чие тело потоа било растворено во киселина.

    Веста за ослободувањето на Бруска предизвика гнев во Италија, иако беше очекувано и законски предвидено. Во 2000 година, тој се согласи да соработува со обвинителите, поради што доби намалена казна.

    Бруска, кој бил десна рака на таканаречениот супербос Тото Рина, беше уапсен во 1996 и првично доби доживотен затвор за повеќе од 100 убиства. Неговите признанија резултираа со апсењата на низа убијци и шефови на мафијата, но јавноста никогаш не му прости.

    „По 25 години затвор, мафијашкиот бос Џовани Бруска е слободен човек. Тоа не е правда што Италијанците ја заслужуваат“, изјави лидерот на крајнодесничарската партија Лига, Матео Салвини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира