Италија денеска ја надмина бројката од 1.000 починати од коронавирусот.
Според најновите информации што ги соопшти специјалниот комесар Анџело Борели, во последните 24 часа починале 189 луѓе, со што нивната вкупна бројка сега изнесува 1.016. Во Италија досега се заразиле 15.113 луѓе, при што има и 2.249 нови случаи. Дури 1.153 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.
Согласно новите, уште поригорозни мерки против ширењето на коронавирусот, во Италија од денеска се отворени само продавници за храна и аптеки.
Сите членови на шпанската влада се тестирале на КОВИД-19 откако се дознало дека министерката за еднаквост Ирене Монтеро е позитивна. Бројот на починати во земјата порасна од 47 на 84.
Чешка им забрани влез во земјата на жителите на 15 држави, а ги забрани сите собири со повеќе од 30 луѓе.