ИТАЛИЈА ПЛАНИРА ДА ОСЛОБОДИ НАД 10.000 ЗАТВОРЕНИЦИ ЗА ДА ГИ РАСТОВАРИ ЗАТВОРИТЕ

    ИТАЛИЈА ПЛАНИРА ДА ОСЛОБОДИ НАД 10.000 ЗАТВОРЕНИЦИ ЗА ДА ГИ РАСТОВАРИ ЗАТВОРИТЕИталија е меѓу земјите со најнатрупани затвори во Европа (Фото: Гети)

    Италија би можела да пушти 10.000 од своите затвори, што е околу 15% од вкупната бројка затвореници, за да го растовари системот, најави министерството за правда. Оттаму кажаа дека 10.105 затвореници ги исполнуваат условите за алтернативно служење на казната, како домашен притвор или условна казна.

    Опцијата би се однесувала на луѓе чии пресуди се конечни и повеќе не подлежат на жалба, им остануваат помалку од две години казна за отслужување и немаат сериозни дисциплински прекршоци во последните 12 месеци.

    Ова не би важело за лицата кои отслужуваат казна за сериозни кривични дела, како тероризам, организиран криминал, силување, трговија со мигранти и киднапирање, додаде министерството.

    Според базата на податоци „World Prison Brief“, Италија е меѓу земјите со најнатрупани затвори во Европа, со ниво на исполнетост од околу 122%. Само Кипар, Франција и Турција имаат полоши бројки во Европа.

    Сепак, предвременото ослободување на затворениците е политички чувствителен потег и министерството за правда кажа дека тоа нема да се случи преку ноќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира