ИТАЛИЈА ПРИЈАВИ УШТЕ 427 МРТВИ ОД КОВИД-19 И ЈА НАДМИНА КИНА ВО БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ

    ИТАЛИЈА ПРИЈАВИ УШТЕ 427 МРТВИ ОД КОВИД-19 И ЈА НАДМИНА КИНА ВО БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИВкупната бројка починати во Италија се искачи на 3.405 (Фото: Анса)

    Италија ја надмина Кина во бројот на починати од коронавирусот откако во последните 24 часа имало уште 427 мртви. Втор ден по ред, бројката починати во Италија е поголема од 400 откако вчера биле рекордни 475.

    Вкупната бројка починати во Италија се искачи на 3.405, додека во Кина, од каде што заразата се прошири низ цел свет, досега се 3.245.

    Меѓу жртвите се и петмина лекари во Ломбардија, со што бројката починати здравствени работници се зголеми на 13.

    „Очајнички ни требаат лекари и медицински сестри, како и заштитна опрема“, изјави директорот на болницата во Бергамо Стефано Фаџуоли.

    Во Италија има и 5.322 новозаразени, а вкупно 41.035.

    Премиерот Џузепе Конте веќе најави дека националниот карантин ќе биде продолжен и после 25 март.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира