ИТАЛИЈА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПО НАЈГОЛЕМАТА СУША ВО ПОСЛЕДНИТЕ 70 ГОДИНИ

    ИТАЛИЈА ПРОГЛАСИ ВОНРЕДНА СОСТОЈБА ПО НАЈГОЛЕМАТА СУША ВО ПОСЛЕДНИТЕ 70 ГОДИНИСушата се заканува на 30% од италијанското земјоделско производство (Фото: Гети)

    Италија прогласи вонредна состојба во петте северни региони околу реката По среде најголемата суша во последните 70 години. Емилија-Ромања, Фриули Венеција Џулија, Ломбардија, Пиемонт и Венето ќе добијат 36,5 милиони евра од фондовите за итни случаи со цел да се справат со недостигот на вода.

    Сушата се заканува на 30% од севкупното италијанско земјоделско производство.

    Невообичаено топлото време и ниското ниво на врнежи во пролет и лето доведоа до недостиг на вода во северна Италија.

    Прогласувањето вонредна состојба има за цел подобро управување со сегашната ситуација со вонредни овластувања и мерки“, соопшти италијанската влада.

    По е најголемата река во Италија, со тек од повеќе од 650 километри. Земјоделците од долината на По велат дека солената морска вода сега навлегува во реката и ги уништува посевите.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира