ИТАЛИЈА ПРОТЕРА ТУНИЖАНЕЦ И КОСОВАР КОИ БИЛЕ ОПАСНИ ПО НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕНДОСТ

    ИТАЛИЈА ПРОТЕРА ТУНИЖАНЕЦ И КОСОВАР КОИ БИЛЕ ОПАСНИ ПО НАЦИОНАЛНАТА БЕЗБЕНДОСТПротерувањето на странски државјани кои се сметаа за опасни по националната безбедност е дел од мерките усвоени во Италија годинава и досега бројката на протерани изнесува 56. - Италијанското МВР (архивска фотографија)

    Италија протера косовски и туниски државјанин, кои ги смета за опасни по националната безбедност бидејќи биле силно радикализирани, објави агенцијата „Анса“.

    Протерувањето на странски државјани кои се сметаа за опасни по националната безбедност е дел од мерките усвоени годинава и досега бројката на протерани изнесува 56.

    Според она што го соопшти италијанското Министерство за внатрешни работи, протерувањето на косовскиот државјанин доаѓа по истрага од 2016 година во Венеција, која резултирала со апсење на тројца косовски државјани осомничени за здружување со цел за изведување меѓународни терористички активности, во врска со нивното поддржување на идеологијата на Исламска држава. Протераниот Косовар бил во контакт со претходно уапсените тројца негови сонародници.

    Тој на 14 октомври годинава бил пронајден во провинцијата Трст и уапсен поради нарушување на забраната за влез во Италија.

    Што се однесува до протераниот Тунижанец, кај него биле најдени фотографии од Исламска држава додека бил во затвор, каде што организирал ќелија со други затвореници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира