ИТАЛИЈА ЗАТВОРА ФАБРИКИ И КОМПАНИИ И ЗАПИРА СО СИТЕ НЕСУШТИНСКИ АКТИВНОСТИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТ

    ИТАЛИЈА ЗАТВОРА ФАБРИКИ И КОМПАНИИ И ЗАПИРА СО СИТЕ НЕСУШТИНСКИ АКТИВНОСТИ ПОРАДИ КРИЗАТА СО КОРОНАВИРУСОТИ покрај досега воведените мерки, бројот на жртвите во Италија секој ден е сѐ поголем (Фото: Анса)

    Италијанскиот регион Ломбардија, каде што од коронавирусот само вчера починаа 546 луѓе, најави воведување нови, уште построги мерки со кои жителите би требало да се натераат да седат дома.

    Ќе бидат забранети сите спортски и физички активности надвор, вклучувајќи и поединечно, а на бизнисите, дури и на суштинските ланци на снабдување, им е кажано да запрат со работа. Се стопираат сите градежни активности, со исклучок на болници, патишта и железница и се затвораат сите отворени пазари.

    Италија вчера го имаше најсмртоносниот ден од појавата на коронавирусот пред еден месец, откако починаа 793 луѓе, со што вкупната бројка се ближи кон 5.000. Ломбардија е во карантин од 8 март и владата очекува наскоро тоа да даде резултати.

    Премиерот Џузепе Конте вчера најави затворање на сите несуштински бизниси и активности на територијата на целата земја, но не истакна што се подразбира под тоа. Супермаркети, аптеки, пошти и банки и натаму ќе бидат отворени, а и јавниот превоз останува во функција.

    „Ќе го забавиме производствениот мотор на земјата, но нема да го запреме. Ова е најтешката ситуација со која земјата се соочила во поствоениот период“, кажа Конте.

    И покрај досега воведените мерки, бројот на жртвите во Италија секој ден е сѐ поголем. На светско ниво, има 300.000 заразени и 13.000 починати.

    И Шпанија, каде што вчера починаа рекордни 324 луѓе, допрва го очекува најлошото, изјави премиерот Педро Санчес.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира