ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ЏОРЏА МЕЛОНИ БАРА 100.000 ЕВРА ОТШТЕТА ЗА ЛАЖНИТЕ ПОРНО СНИМКИ ОД НЕА СТАВЕНИ НА ИНТЕРНЕТ

    ИТАЛИЈАНСКАТА ПРЕМИЕРКА ЏОРЏА МЕЛОНИ БАРА 100.000 ЕВРА ОТШТЕТА ЗА ЛАЖНИТЕ ПОРНО СНИМКИ ОД НЕА СТАВЕНИ НА ИНТЕРНЕТАко го добие судскиот случај, Мелони ќе ги донира 100.000 евра на фонд за поддршка на жените кои биле жртви на машко насилство. (Фото:

    Премиерката на Италија Џорџа Мелони бара отштета од 100.000 евра, откако на интернет беа поставени  лажни (дипфејк) порно снимки од неа. Мелони треба да сведочи пред судот во градот Сасари на Сардинија на 2 јули. Лажна (дипфејк) слика е онаа во која лицето на една личност дигитално се додава на телото на друго лице.

    Под истрага се 40-годишен маж, за кого се смета дека ги продуцирал видеата, и неговиот 73-годишен татко. Полицијата соопшти дека успеала да ги пронајде со следење на мобилниот уред што бил користен за објавување на видеата. Двајцата се обвинети за клевета. Според италијанскиот закон, некои случаи на клевета може да бидат кривично дело и да носат затворска казна.

    Според обвинението, видеата биле објавени на американска порнографска веб-страница, каде што биле прегледани „милиони пати“ во текот на неколку месеци. Адвокатскиот тим на Мелони рече дека, ако нејзиното барање за отштета биде успешно, таа ќе ги донира 100.000 евра на фонд за поддршка на жените кои биле жртви на машко насилство.

    Марија Џулија Маронгиу, адвокатка на Мелони, рече дека сумата е „симболична“ и дека барањето за компензација требало да „испрати порака до жените кои се жртви на овој вид злоупотреба на моќта да не се плашат да поднесат обвиненија“. Дипфејк видеата на Мелони датираат уште пред таа да биде назначена за премиерка во 2022 година.

    Во последниве години, дипфејк порното стана вообичаено на интернет. Жртви на дипфејк слики зборуваа за траумата од гледањето на нивните лица дигитално монтирани на фотографии од жени во сексуално експлицитни сцени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира