ИТАЛИЈАНСКО СЕЛО СО 46 ЖИТЕЛИ ЌЕ ИМА 30 КАНДИДАТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ

    ИТАЛИЈАНСКО СЕЛО СО 46 ЖИТЕЛИ ЌЕ ИМА 30 КАНДИДАТИ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИИнгрија во 2022 беше прогласена за едно од најубавите села во Италија

    Последниот пат кога се кандидираше за градоначалник на Ингрија, мало село близу Торино, Игор Де Сантис оствари убедлива победа, но тој ќе се соочи со голем предизвик во борбата за четвртиот мандат откако неговата мајка се придружи на ривалски табор.

    Ингрија има само 46 жители, кои заедно со 26 луѓе кои живеат во странство го сочинуваат гласачкото тело.

    Де Сантис (42), кој ја води локалната управа од 2009, сега има двајца противкандидати, за што кажа дека било неочекувано, а потоа еден од нив Ренато Полето објави дека добил поддршка од мајката на Де Сантис.

    Не барав од мајка ми да ми се придружи, но откако виде дека на листата на Полето се главно жени, таа одлучи да оди со него. Не верувам дека ова ривалство ќе се одрази врз семејната хармонија“, изјави Де Сантис, чиј дедо беше челник на Ингрија 30 години.

    На изборите што ќе се одржат на 8 и 9 јуни ќе се избира и нов десетчлен локален совет, од кои девет се жени, со што вкупно 30 луѓе се кандидираат, што е околу две-третини од населението на Ингрија.

    И покрај конкуренцијата, Игор Де Сантис е оптимист дека повторно ќе победи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира