ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЌЕ ГИ ПОМИНАТ БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА СО ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ЗАБРАНА ЗА ПАТУВАЊА

    ИТАЛИЈАНЦИТЕ ЌЕ ГИ ПОМИНАТ БОЖИЌ И НОВА ГОДИНА СО ПОЛИЦИСКИ ЧАС И ЗАБРАНА ЗА ПАТУВАЊАВладата воведе нови рестрикции за да спречи трет бран на ширењето на заразата во јануари (Фото: Гети)

    Италија ги забрани патувањата меѓу своите региони од 21 декември до 6 јануари како дел од новите рестрикции кои треба да го намалат ширењето на коронавирусот за време на претстојните празници. Од 22 до пет часот на сила ќе биде и полициски час.

    Рестораните ќе може да работат само до 18 часот, а скијачките терени ќе останат затворени до 7  јануари. За Божиќ и Нова година, на Италијанците нема да им биде дозволено да го напуштат ни своето место на живеење.

    Ова следува откако Италија вчера регистрираше 993 починати од ковид-19, што е дневен рекорд од почетокот на епидемијата. Претходниот рекорд изнесуваше 969 мртви на 27 март.

    „Не смееме да се опуштиме. Мора да го елиминираме ризикот од трет бран во јануари, кој би можел да биде еднакво сериозен како првиот и вториот“, кажа премиерот Џузепе Конте.

    Регионалните власти ја критикуваа одлуката на владата, тврдејќи дека не биле консултирани. Гувернерот на Ломбардија, Атилио Фонтана, ја опиша одлуката како луда.

     

     

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира