ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДЕНИ ДА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА ЕДЕН ОД НАЈСИЛНИТЕ ТОПЛОТНИ БРАНОВИ ДОСЕГА

    ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРЕДУПРЕДЕНИ ДА СЕ ПОДГОТВАТ ЗА ЕДЕН ОД НАЈСИЛНИТЕ ТОПЛОТНИ БРАНОВИ ДОСЕГАЦрвена тревога е прогласена во 16 италијански градови (Фото: ЕПА)

    Италијанците се предупредени да се подготват за „еден од најсилните топлотни бранови на сите времиња“, додека во делови од земјата се очекуваат температури од 48 Целзиусови степени. Поради најавите за историски високи температури, министерството за здравство прогласи црвена тревога во 16 градови, вклучувајќи ги Рим, Фиренца и Болоња, што се совпаѓа со доаѓањето на топлотниот бран Харон.

    „Оваа недела, јужна Европа ќе ја погоди нов топлотен бран со уште повисоки температури. И тоа е сѐ последица на климатските промени“, изјави климатологот Клеман Албержел од Европската вселенска агенција (ЕСА).

    Се очекува утре во Рим да биде 42-43 степени, со што ќе се урне рекордот од 40,5 степени од август 2007. На Сицилија и Сардинија се предвидуваат уште повисоки температури, до 48 степени и се очекува во следните денови да бидат соборени рекорди во Палермо и Месина.

    Грчките власти трет ден по ред привремено го затворија Акропол за посетители, додека низ најголем дел од Романија се најавени температури до 39 степени. Франција, Шпанија, Германија и Полска исто така се соочуваат со голем топлотен бран, најавуваат од ЕСА.

    И повеќе од 110 милиони Американци се погодени од жежок бран и се очекува нови рекордни температури да бидат измерени во 38 града низ САД.

     

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира