ИЗБЕГАЛЕ 87 ПАЦИЕНТИ ОД ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ВО КЕНИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:22:"Најроби,(АП)

    ИЗБЕГАЛЕ 87 ПАЦИЕНТИ ОД ПСИХИЈАТРИСКА БОЛНИЦА ВО КЕНИЈА

    Најмалку 87 пациенти избегале од единствената психијатриска болница во Кенија, откако биле оставени без надзор бидејќи медицинските работници вработени во јавното здравство штрајкуваат, изјавија за АП официјални лица.

    Во меѓувреме полицијата употребила солзавец за да ги растера докторите во главниот град Најроби, кои протестирале бидејќи не го добиле покачувањето на платата што им било ветено пред три години.

    Околу 5.000 лекари од државните болници не се појавиле на работа. Тие бараат подобри плати и подобри работни услови. Велат дека лекар што студирал шест години е платен помалку од полицаец што бил трениран шест месеци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира