ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ, ГЕРМАНИЈА ЌЕ ОДИ НА ИЗБОРИ НА 23 ФЕВРУАРИ

    ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА КАНЦЕЛАРОТ ШОЛЦ, ГЕРМАНИЈА ЌЕ ОДИ НА ИЗБОРИ НА 23 ФЕВРУАРИШолц сметаше дека предвремени избори се најдобрата шанса за подобрување на позицијата на неговата Социјалдемократска партија (Фото: АП)

    Германија ќе оди на вонредни парламентарни избори на 23 февруари откако парламентот денеска очекувано ѝ изгласа недоверба на владата. Барањето беше поднесено од самиот канцелар Олаф Шолц минатата недела откако неговата влада го изгуби мнозинството во парламентот по смената на министерот за финансии Кристијан Линднер и излегувањето на партијата Слободни демократи од владејачката коалиција.

    Предвремени избори се можност за гласачите да изберат нов курс за Германија. Тоа ќе биде избор помеѓу иднина со поголеми инвестиции од една и кратења од друга страна, што го ветија конзервативците“, кажа Шолц.

    Тој сметаше дека распишување предвремени избори е најдобрата шанса за подобрување на политичката позиција на неговата Социјалдемократска партија, иако таа во анкетите се наоѓа дури и зад крајната десница.

    Германските медиуми најавуваа дека претседателот Франк-Валтер Штајнмаер ќе го распушти парламентот веднаш по божиќните празници.

    Ова е ден на олеснување“, изјави лидерот на Демохристијанскиот сојуз на Германија, Фридрих Мерц, кој е најверојатниот иден канцелар.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира