ИЗГЛАСАНА РЕЗОЛУЦИЈАТА СО КОЈА 11 ЈУЛИ СЕ ПРОГЛАСУВА ЗА ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА

    ИЗГЛАСАНА РЕЗОЛУЦИЈАТА СО КОЈА 11 ЈУЛИ СЕ ПРОГЛАСУВА ЗА ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦАРезолуцијата предложена од Германија и Руанда доби поддршка од 84 држави (Фото: АФП)

    Генералното собрание на Обединетите нации ја изгласа резолуцијата со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Осумдесет и четири држави гласаа „за“, 19 беа против, а 68 земји беа воздржани.

    Резолуцијата беше предложена од Германија и Руанда и спонзорирана од уште 34 држави, меѓу кои и Македонија. Иако Србија не е означена како виновник, тоа не го запре силното лобирање против резолуцијата од страна на лидерот на Република Српска, Милорад Додик и српскиот претседател Александар Вучиќ.

    Резолуцијата нема да придонесе за зајакнување на довербата, туку ќе отвори стари рани и ќе донесе нови поделби во регионот и во Обединетите нации. Бев во Сребреница и им се поклонив на бошњачките жртви, но за малку ќе бев линчуван. Зошто се носи резолуцијата кога станува збор за индивидуална одговорност и сите одговорни се веќе осудени“, изјави Вучиќ пред гласањето.

    На 11 јули 1995 српските сили влегоа во Сребреница, која беше под посебна заштита на ОН и издвоија повеќе од 8.000 муслимански мажи и момчиња, кои потоа беа убиени. И Србија и Република Српска негираат дека во Сребреница се случил геноцид, иако така беше утврдено од два суда на ОН.

    Милорад Додик изјави дека со оваа резолуција БиХ е доведена во најголемата политичка криза, од која нема да се извлече.

    Сребреница одамна е политичка тема, а со оваа резолуција српскиот народ се прогласува за геноциден“, кажа Додик.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира