Технолошкиот могул и сопственик на „Тесла“ и „Спејс Екс“ Илон Маск вели дека „најверојатоно има умерен тип на ковид-19“, но дека добива доста различни резултатите од тестовите во различни лаборатории. Четириесет и деветгодишниот Маск, на Твитер објави дека има симптоми на „блага настинка“. Во петокот објави дека 4 пати се тестирал во еден ден, и добил два позитивни и два негативни теста. Тој кажа дека правел брзи антиген тестови, а сега чекал резултати од ПЦР тестови од други лаборатории.
ПЦР тестот се смета за златен стандард од епидемиолозите и е најкористен во целиот свет. Американската Агенција за храна и лекови овој месец ги извести лабораториите и здравствените институции дека кај брзите антиген тестови може да се појават лажни позитивни резултати.
Маск, кој има 40 милиони следбеници на Твитер, опишувајќи ги симптомите, напиша: „Се чувстувам омалкасано, како вообичаена настинка, но со повеќе болки во телото и вртоглавици отколку кашлање или кивање“.
Досега во САД, од ковид-18 заболеа 10.9 милиони луѓе, починаа над 245 илјади, а околу 67 илјади лежат во болниците.
Маск на почетокот ја потценуваше загриженоста за пандемијата. Во март, тој твитна: „Моја проценка е дека паниката ќе предизвика повеќе штета од вирусот“. Два месеца подоцна, тој се закани дека ќе го пресели седиштето на „Тесла“ надвор од Калифорнија откако на фабриката ѝ беѓе наредено да затвори поради карантинските мерки.