ИЗГОРЕ НАЦИОНАЛНИОТ МУЗЕЈ НА БРАЗИЛ ВО РИО, УНИШТЕНИ МИЛИОНИ ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИ

    ИЗГОРЕ НАЦИОНАЛНИОТ МУЗЕЈ НА БРАЗИЛ ВО РИО, УНИШТЕНИ МИЛИОНИ ВРЕДНИ ПРЕДМЕТИНационалниот музеј на Бразил годинава прославуваше 200 години постоење (Фото: Глобо)

    Националниот музеј на Бразил во Рио де Жанеиро, најстарата научна институција во земјата, целосно изгоре во пожар, при што се уништени повеќето од 20-те милиони предмети, меѓу кои и најстарите човечки остатоци пронајдени на американските континенти.

    Нема информации дека некој е повреден во пожарот.

    Музејот содржел 20 милиони предмети, вклучувајќи археолошки артефакти, фосили и најголемиот метеор откриен во Бразил. Најголемата вредност на музејот беше 12.000 стариот скелет на жена, наречена Лујза (Фото: Националниот музеј на Бразил)

    Музејот, кој своевремено служел како резиденција на португалското кралско семејство, годинава прославуваше два века постоење.

    Пожарот избувнал синоќа и причината засега не е позната. Снимките од воздухот покажаа дека огнот го зафатил целиот објект.

    „Ова е тажен ден за сите Бразилци. Изгубени се 200 години работа, истражување и знаење“, изјави претседателот на Бразил, Мишел Темер.

    Портпаролот на противпожарната служба на Рио, Роберто Робадеј, кажа дека најблиските хидранти до музејот не работеле, па морале да носат вода од едно околно езеро. Тој додаде дека некои предмети од музејот се спасени.

    Музејот содржел 20 милиони предмети, вклучувајќи археолошки артефакти, фосили и најголемиот метеор откриен во Бразил. Најголемата вредност на музејот беше 12.000 стариот скелет на жена, наречена Лујза.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира